- Американската федерална полиција изврши претрес во изборна канцеларија во округот Фултон во Џорџија, барајќи докази за тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека со измама му била „украдена“ победата на изборите 2020 година.
- Агентите на ФБИ заплениле компјутери и 700 кутии со гласачки ливчиња, и евиденции и коверти со гласови испратени по пошта.
- На претресот присуствувала и директорката на разузнавачките служби, Тулси Габард.
- Трамп неодамна во Давос го повтори своето долгогодишно обвинување дека биле наместени изборите во 2020 година, на кои со тесна разлика изгуби од демократот Џо Бајден. „Луѓето наскоро ќе бидат гонети за она што го сториле“, предупреди Трамп.
- Министерството за правда објави тужби против Џорџија и уште неколку сојузни држави, барајќи да предадат големи количини на документи поврзани со изборите во 2020 година. Државите ги оспорија барањата како неуставно кршење на нивните овластувања за управување со избори.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.