Комитетот на Сенатот за домашна безбедност и владини работи го прогласи докторот Ентони Фаучи виновен за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да сведочи на сослушувањето минатата недела за неговото справување со пандемијата на ковид.
Комитетот побара од Министерството за правда да реши дали долгогодишниот врвен здравствен функционер за заразни болести имал право да се заштитува со молчење. Ако немал, ќе биде покрената кривична пријава за дело за кое е предвидена казна од 1 до 12 месеци затвор.
Иако беше помилуван од поранешниот претседател Џо Бајден, докторот Фаучи на минатонеделното сослушување одби да одговори на повеќе од сто прашања, повикувајќи се на правото од Петтиот против самоинкриминирање.
„Д-р Фаучи не се соочуваше со никаков ризик од федерално гонење. Сè што требаше да направи е да ја каже вистината“, изјави сенаторот Ренд Пол, претседател на Комитетот на Сенатот.
„Сенаторот Пол беше решен да ме натера да кажам нешто, било што, што би ги поткрепило неговите постојани ветувања дека ќе завршам зад решетки“, се правда Фаучи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.