Докторот Ентони Фаучи е повикан повторно да сведочи пред Сенатот на САД за обвинувањата дека влијаел врз извештаи за потеклото на пандемијата на ковид и за финансирањето на истражувања за „стекнување функции“ кај вируси.
Комисијата за безбедност на Сенатот сака да утврди дали Фаучи го довел во заблуда Конгресот за време на претходните сведочења кога негираше дека американскиот Национален институт за здравје (NIH) финансирал ризични истражувања на Институтот за вирологија во Вухан.
Сенаторот Ренд Пол објави дека Фаучи ја одбил поканата доброволно да се појави пред Комисијата. Ако сега одбие, може да биде приведен.
Документи што неодамна ги објави шефицата на националното разузнавање Тулси Габард укажуваат дека Фаучи влијаел врз проценките на американските агенции во врска со потеклото на вирусот.
Поранешниот службеник на ЦИА, Џејмс Ердман, сведочеше под заклетва пред Конгресот дека Фаучи намерно препорачувал научници што го поддржуваат неговиот наратив дека вирусот SARS-CoV-2 се проширил по природен пат, а не од лабораторија.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.