Унијата на Ромите, партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, се приклучува кон Европскиот фронт на ДУИ за престојните избори.
„Јас да бев Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција освен ДУИ и Али Ахмети“. изјавил Дудуш за ТВ21.
Претходно беше пратеник на СДСМ. За нанесување телесна повреда помина само со опомена бидејќи го признал делото, а имаше и пријава дека на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка.
Кандидатот на демократите Зохран Мамдани првиот муслимански градоначалник на Њујорк. На изборите, кои на некој начин беа референдум за првите десет месеци од власта на Трамп, Мамдани освои 50,4% од гласовите пред независниот Ендру Куомо (41,6%) и републиканецот Куртис Слива (7,1%).
„Демократскиот социјалист“, како што се претставува прогресивецот, до пред некој месец беше непознат за пошироката јавност. Во кампањата ветуваше дека ќе ги оданочи милионерите за да ги прошири социјалните програми. Ветуваше бесплатен автобуски превоз, универзална грижа за деца и намалување на кириите.
Претседателот Доналд Трамп ги повика њујорчани да гласаат за поранешниот демократ Куомо и се закани дека ќе ги укине федералните средства за Њујорк ако победи „комунистот“ Мамдани.
„Во овој момент на политички мрак, Њујорк ќе зрачи светлина“, изјави Мамдани. На претседателот Трамп му порача дека „градот во кој доживеал подем може да го порази“.
Кандидатите на демократите победија и на изборите за гувернери на Вирџинија и Њу Џерси. Калифорнија изгласа прекројување на избирачките единици за конгресмени, во полза на демократите.
Десет луѓе загинаа и најмалку 20 се повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла. Сите загинати се пензионери, а меѓу повредените има пожарникари, медицински лица, полицајци и вработени во домот.
Пожарот избувнал синоќа во 20.55 часот на седмиот кат на зградата, каде што биле сместени лица со попреченост.
Противпожарите екипи брзо интервенирале и за еден час го изгаснале огнот, но не можеле навремено да им помогнат на пензионерите, меѓу кои имало и болни и неподвижни лица. Причината не е уврдена.