- ЕВН носи струја до главната трафостаница на Градскиот трговски центар, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор, објаснува за Плусинфо, електродистрибутерот ЕВН.
- МВР пак, по акцијата за откривање кражба на струја поради копање крипто валути, соопшти дека во подрумските простории на ГТЦ не се краде струја. Полицијата утврдила дека броилата се во приватна сопственост.
- ГТЦ од Енерџи Актив купува еден киловатчас во вредност од речиси 3,7 денари. Но, според сметките во кои имало увид Радио Слободна Европа, сопствениците на дуќаните во ГТЦ преку фактура плаќаат по 15,9 денари од потрошен киловатчас.
- Француски апелациски суд ја потврди вината на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од ЕУ, но ѝ ја скрати забраната за извршување јавна функција од 5 години и ѝ остави можност да се кандидира на претседателските избори идната година.
- Судот ѝ изрече 30 месеци условен затвор, кој веќе го отслужи, и 15 месеци носење електронска алка за следење, што може да ѝ направи сериозни логистички проблеми за време на предизборната кампања.
- Судија дополнително ќе ги одреди часовите кога таа може да биде отсутна од својот дом и да ѝ го ограничи движењето. Ле Пен би можела да побара алката да ѝ биде отстранета по неколку месеци поради добро однесување.
- Соочена со вакви ограничувања, на лидерката на француската десница ѝ останува самата да одлучи дали ќе се кандидира. Ако реши да се повлече, кандидат на десницата ќе биде нејзиниот заменик и политички наследник Жордан Бардела. И двајцата, според досегашните анкети, би освоиле најмногу гласови во првиот круг од изборите в година.
- Казната за Ле Пен произлегува од обвиненијата дека функционери од нејзината партија Национален собир злоупотребиле средства од Европскиот парламент наменети за асистенти. Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека е жртва на политички прогон за да биде елиминирана од трката за претседател.
- Литванија, поранешна советска република и сегашна членка на НАТО, ќе ја укине забраната за поставување нуклеарно оружје на нејзина територија за да се интегрира во западниот одбранбен систем за одвраќање на Русија.
- „Геополитичката ситуација се влошува. Нашиот Устав беше напишан во време кога геополитичките околности беа сосема поинакви“, изјави претседателот Гитанас Науседа.
- Набрзо потоа група од 50 литвански пратеници поднесоа предлог-амандман на Уставот за да ја овозможат промената на стратегиската определба. За да се усвои, неопходно е да добие поддршка од двотретинско мнозинство пратеници на две гласања во период од три месеци.
- Парламентот на Финска во јуни изгласа целосна забрана на нуклеарно оружје за да се усогласи со политиката на одвраќање на НАТО, по приклучувањето кон Алијансата во 2023 година. Законот овозможува внесување, транспорт, чување или поседување нуклеарно оружје, доколку тоа го налага нејзината воена одбрана.