- Европската комисија ќе им предложи на земјите членки на ЕУ да воведуваат забрана за пушење и во бавчите и отворените делови на кафулињата и другите угостителски објекти, како и на автобуските постројки, зоолошките градини, игралиштата, отворените базени....
- Ќе се забранат не само класични цигари, не само електронски цигари со греен тутун туку и иновативниte решенија кои во себе вооопшто не содржат никотин.
- Империјата вели дека сака да ги заштити луѓето од пасивно пушење надвор (?) и да се справи со привлечноста на уредите кои испуштаа водена пареа (??).
- Косовскиот премиер Албин Курти денеска формално поднесе оставка од функцијата пред да положи заклетва како пратеник во косовското Собрание.
- Конститутивната седница на Собранието беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати.
- Неизвесно е кога ќе биде избран претседател на Собранието. Доколку не се обезбеди мнозинство, законот предвидува нови продолженија што може да доведе до политичка криза.
- Партијата Самоопределување на Курти освои 48 пратенички мандати на неодамнешните парламентарни избори. За да стигне до мнозинство од 61 пратеник ќе мора да бара коалициони партнери меѓу партиите на малцинствата.
- Пред неколку затвори во Франција синоќа имало пукотници и биле запалени автомобили во обид за заплашување на стражарите и службениците. Нема информации за повредени лица.
- Кон затворот во Тулон било пукано од автоматско оружје. Инциденти имало и во Марсеј, Ним и во Нантер близу Париз.
- Министерот за правда Жералд Дарманин ги смета нападите за реакција на засилувањата на безбедноста во затворите, со цел да се спречат наркобарони од ќелии да управуваат со своите империи.
- „Одговорот мора да биде незапирлив. На тие што напаѓаат затвори местото им е во затвор“, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо.
- Франција не е поштедена од латиноамериканските банди што го прошируваат шверцот на кокаин низ Европа. Во март во Данкирк беа запленети 10 тони кокаин. Во 2024 година биле запленети вкупно 53,5 тони, повеќе од двојно повеќе во споредба со претходната година.