Ердоган: Јок за Шведска и Финска во НАТО
16 мај 2022
- Турција е против влегувањето на Финска и Шведска во НАТО. Делегациите од овие земји нека не се мачат да бараат од Турција да ги одобри нивните апликации, порача турскиот претседател.
- „Шведска е легло на терористичките организации. Тие им даваат на терористи да зборуваат во нивните парламенти“, рече Ердоган.
- Тој првенствено мисли на сепаратистичката Курдистанска работничка партија (ПКК) и Револуционерниот народноослободителен фронт (ДХКП/Ц), кои се забранети во Турција.