- Шоуто на Џими Кимел повторно е в о игра откако минатата недела АБЦ го повлече од етер по неумесните забелешки на домаќинот во врска со убиството на Чарли Кирк и шпекулациите дека убиецот е МАГА дечко.
- За повлекување на Кимел имало притисоци и од Федералната комисија за комуникации и од Некстар, медиумскиот конгломерат кој поседува или е партнер во 200 станици.
- „Минатата среда донесовме одлука да ја прекинеме продукцијата на шоуто за да избегнеме понатамошно разгорување на напнатата ситуација во емотивен момент за нашата земја. Тоа е одлука што ја донесовме бидејќи сметавме дека некои од коментарите беа несоодветни и нечувствителни“, се вели во соопштението на компанијата „Волт Дизни“. која го поседува АБЦ.
- „Ги поминавме последните денови во внимателни разговори со Џими и по тие разговори, донесовме одлука да ја вратиме емисијата во вторник,“соопштија од Дизни.
- Кимел своевремено отворено сеиреше што Трамп беше забранет на неколку платформи а не застана ни во одбрана на актерката и водителка Розен Бар кога ѝ беше укината емисијата, ладно потсетувајќи ја дека секој треба да биде свесен за последиците на своите зборови.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.