Синџир на продавници во Калифорнија воведува технологија за препознавање лица во обид да ги фати крадците во продавниците. Редовните купувачи се загрижени дека се загрозува нивната приватност, а биометриските податоци може да послужат за злоупотреби.
Камери го снимаат лицето на секој што ќе влезе во продавницата, а потоа софтверот SAFR ги чува и ги анализира биометриските податоци на оние осомничени за кражба. SAFR тврди дека никогаш не споделила информации со властите ни со службата за имиграција и царина ICE.
„Ова е масовен надзор. Во суштина, се крши правото на приватност на секој купувач што влегува во продавницата“, изјави Марио Трухиљо од организацијата Electronic Frontier Foundation.
Калифорнија има една од највисоките стапки на кражби во продавници во САД. Според податоци на ФБИ бројот на кражби е зголемен за 50% во периодот по пандемијата. Поради тоа сопствениците на дуќаните вложија милиони долари на мерки и уреди за обезбедување, а некои беа принудени да го затворат бизнисот.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.