- На 18.11.20220 година во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е О.Д.(24) од Струга.
- При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула.
- Македонската јавност има увид во овие драгоцени информации благодарејќи на транспарентноста на СВР Охрид.
- Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир, најрадикалниот јастреб во воениот кабинет на Нетанјаху, ги повика еврејските доселеници да почнат да ги населуваат и териториите што израелските сили ги окупираа во Јужен Либан.
- „Населете се во Либан! Тоа ни треба и имаме вистински планови. Да ја поттикнеме и миграцијата од Газа и од Западниот Брег исто така. Населете се во Либан! Не плашете се од никаков притисок“, порача Бен-Гвир.
- Израелските сили веќе „израмнија терен“ за доселенички населби во Либан, јужно од реката Литани. Во име на „војната против Хезболах“ протераа десетици илјади Либанци и потоа буквално срамнија со земја цели села, културни и верски споменици, археолошки локалитети, овоштарници... за да нема каде да се вратат.
- Бен Гвир денеска им се придружи на израелски екстремисти при провокативната посета на храмот во Ерусалим и повика на анексија на Источен Ерусалим, кој според меѓународното право им припаѓа на Палестинците. „Со голема гордост го креваме знамето на Израел. Ерусалим е наш и земјата Израел е наша. Не смееме да се срамиме“, повика Бен-Гвир.