- Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ја обвини Европската Унија дека очигледно применува двојни стандарди за процесот на проширување. Унгарија ја обвинуваат дека го блокира приемот на Украина, а се премолчува кога други земји го употребуваат правото да блокираат кандидати.
- „Грција со години ги блокираше пристапните преговори со Македонија. Дали некој ги обвини Грците? Не. Сега Бугарите имаат предуслови. Дали некој ги критикува? Не, се разбира. Е тоа се двојни стандарди“, изјави Сијарто за РТС.
- Тој додаде дека правото на вето го злоупотребиле Австрија, а потоа и Холандија, за да го спречат влегувањето на Романија во Шенгенската зона, иако биле спремни. Со вето било спречено и отворањето нов кластер поглавја за Србија, за да не продолжат преговорите.
- Ако некоја држава од централна Европа каже за нешто „не“, тогаш тоа веднаш е неприфатливо, „го урива европското единство“ и „тоа се шпиони на Путин“... Секогаш како виновник е наведена Унгарија, затоа што имаме влада што работи успешно, но не е во склад со политичкиот вкус на Брисел, бидејќи се противиме на војната, на миграциите, на родовата пропаганда... Кога нема да се согласиме со нешто веднаш нè стигматизираат. Имаме право на тоа, така функционира ЕУ, мора да се постигне едногласност и тоа се клучни вредности, изјави Сијарто за РТС.
- Откриени се органски соединенија во свежо исфрлени зрна мраз од океанот на Енцеладус, што дава надеж дека овој природен сателит на Сатурн би можел да поддржи развој на живот. Се смета дека материјалот извирал од океан од солена вода под вечната ледена кора на шестиот според големина сателит на Сатурн.
- Научниците со години го сметаат Енцеладус за најповолно тело за развој на живот во Сончевиот систем, ако се изземе Земјата. Мисијата Касини, која заврши во 2017 година, во близина на јужниот пол на Енцеладус откри големи ерупции на испарувања, кои веднаш замрзнуваат. Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ забележал свежи траги од органски соединенија во мраз исфрлен на височина од десетина километри.
- „Резултатите ја потврдуваат комплексната хемија што се случува под површината. Тоа не значи дека на Енцеладус има живот, но ја зголемува веројатноста дека хемиските процеси може да водат до формирање супстанци што се биолошки релевантни, објаснува Нозаир Каваџа, планетарен научник од берлинскиот Институт Фраје и главен автор на истражувањето.
- Тој ги поддржува плановите на Европската вселенска агенција за испраќање мисија до Енцеладус за да истражи од близу знаците на живот. „Запалено е зеленото светло“, вели Каваџа.