- За овие неколку недели, повеќе се напиша за невините жртви околу појасот Газа, повеќе солзи се пролеаја и повеќе пцости се фрлија, повеќе пријателства во Хрватска се растурија заради злосторствата на Хамас и израелската армија, отколку поради исто толку страшните злосторства на хрватската војска, во сите 28 години од Олуја до денес.
- Каков став би имале Хрватите за злосторствата околу оградата во Газа кога не би знаеле дали убијците се припадници на Израелските одбрамбени сили или герилци на Хамас, односно дали невините жртви се од некој еврејски кибуц или од палестински камп?
- Ајде да видиме. Ништо не кошта. Нас ништо не нè кошта.
- Хашкиот трибунал му изрече единствена казна од 25 години затвор на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, поради воени злосторства на Косово, во периодот од април 1998 до јуни 1999 година.
- Во казната ќе му бидат пресметани и шесте години што ги помина во притвор во Хаг.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе.
- „Како главен командант и клучен политички лидер, тој имал ефективна контрола врз ОВК и учествувал во широко распространетиот и систематски напад врз цивилното население и неистомислениците“, објави судот.
- Независно од оваа пресуда, против Тачи во Хаг почнува уште еден судски процес под обвинение за влијание и застрашување на сведоци во притворот, за што обвинителството бара уште 6 години затвор.
- Со 25 години затвор e казнет и портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи. Кадри Весели доби 18 години, а шефот на оперативниот директорат Реџеп Селими 13 години затвор. Сите се прогласени за виновни за истите точки од обвинението.
- Урсула фон дер Лајен ја покани Канада да биде првата „придружна членка“ на Европската Унија.
- Во обраќањето пред европските пратеници, на кое присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни, претседателката на Европската комисија, најави наградување на трговскиот договор CETA со Отава во нова и сеопфатна „Алијанса за иднината“ за заеднички просперитет и економска безбедност.
- „Ќе го претвориме Арктикот во водечки заеднички проект. Ќе работиме на енергетиката, критичните минерали и батериите, како и на вештачката интелигенција, квантните технологии, сајбер-безбедноста и економската безбедност“, изјави Фон дер Лајен.
- Трговскиот договор CETA, усвоен пред девет години, сè уште треба да биде ратификуван од десет земји-членки на ЕУ, кои стравуваат од трговска конкуренција.
- Премиерот Карни утре ќе се обрати пред Европскиот парламент. Канада и ЕУ ќе одржат самит кон крајот на октомври во Монтреал.