- Во Основниот суд Охрид беа дадени завршните зборови во случајот со скопскиот адвокат Тони Менкиноски кој е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир затоа што на празникот Богојавление минатата година, во центарот на Охрид го истакнал шеснаесеткракото македонско знаме со сонцето од Кутлеш.
- На рочиштето не се појавија четворицата раководители на охридската полиција кои го покренаа случајот.
- Менкиноски рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари затоа што со ниту еден закон или меѓународен акт не е забрането истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш.
- Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи ја имал клучната улога за договорот за примирјето и за преговорите за крај на војната со САД, тврди Аксиос, повикувајќи се на извори од Вашингтон и Блискиот Исток.
- Во понеделникот, кога Трамп се закани со целосно уништување на Иран, Пентагон веќе имал разни сценарија на бомбардирање, преговарачот Стив Виткоф го оценил иранскиот мировен план од 10 точки како „катастрофа“, а американските сојузници се подготвувале за жестока одмазда.
- Во исто време во Техеран, Хамнеи бил активно вклучен во мировниот процес и првпат им наложил на своите преговарачи да прифатат договор. Шефот на дипломатијата Абас Арагчи одиграл централна улога да ги убеди командантите од Револуционерната гарда да прифатат примирје.
- Од американска страна, во дипломатските напори се вклучил и потпретседателот Џ. Д. Венс, кој беше во посета на Унгарија. Се очекува тој, а не Виткоф, да ја води американската делегација на претстојните преговори во Пакистан. Тоа ќе биде досега најважната задача во политичката кариера на Венс. Сè уште постои голем јаз помеѓу условите на САД и на Иран, па постои реална можност војната да продолжи по две недели.
- Во исто време се очекува министерот за одбрана Пит Хегсет и портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит упорно да тврдат дека договорот го овозможиле „воената кампања во која биле уништени сите планирани цели“ и заканите од Трамп.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.