Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Да не постоеше Славчо, Бугарија ќе требаше да го измисли

24 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Славчо Неделковски, првиот човек на битолското детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, кој успеа 15 деца, без дозвола од родителите, да ги однесе на сликање и гачки кај бугарскиот претседател Радев веќе поодамна е длабоко загазен и ужива во бугарската страна на историјата.
  • Паралелно со уметничките активности и организацијата на туристичките аранжмани за малолетници за посета на бугарскиот претседател Радев и гробот на бугарскиот цар и наредбодавател на депортацијата на Евреите од Македонија, Борис Трети, Неделковски води и личен блог од кој незгодно би му паднало и на бугарски историчар.
  • Од него може да научиме дека Илинденското востание е „круна на бугарското националноослободително движење“, дека Никола Вапцаров е бугарски поет, и дека веќе еднаш треба да се престане со користење на терминот „бугарски фашистички окупатор“ туку дека правилно е „земја под управа на Бугарија“ и „административни властодршци кои не се директни владетели“.
  • Во врска со обвиненијата за злоупотреба на деца во политички цели, Неделковски порачува дека тоа што на своја рака, без дозвола од родителите, организирал средба на малолетните членови на студиото со бугарскиот политички врв не е злоупотреба како што сакаат да му накалемат и дека тоа допрва ќе треба да се докаже (ко да не нема цел албум слики од средбите).

извор

Бес во Израел заради прекинот на огнот

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • „Ова е политички и стратешки пораз! Во целата наша историја, таква катастрофа никогаш не се случила“, го коментира примирјето шефот на израелската опозиција, Јаир Лапид.
  • Вели дека Бенјамин Нетанјаху не исполнил ниту една цел која си ја имал зададено иако војската направила сè што барал.
  • Лапид потсетува дека Израел не ни бил вклучен во преговорите и дека на државата „ќе ѝ требаат години за да се опорави од политичката и стратешката штета“ што Нетанјаху ја предизвика со својата ароганција, невнимание и недостаток на стратешко планирање.

  • Претседателот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, оцени дека ваков договор со Иран значи дека Израел во иднина ќе мора повторно да влезе во конфликт, под потешки услови и по повисока цена.

     
извор

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
  • „Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Реџеп Исмаил.
  • „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки“.
  • Досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен или залоупотребен мандат. Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина
2

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина
3

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Свет
4

Такер го спржи Трамп: Кој мислиш дека си ти?

Видео
5

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
6

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

7

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Балканштина
8

Бес во Израел заради прекинот на огнот

1

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Свет
2

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
3

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

4

Бес во Израел заради прекинот на огнот

5

И САД и Иран го слават примирјето како победа

Свет
6

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

7

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

8

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Маматамамина

Не бива Солун без македонска песна

Кога успехот (во школото) води кон пораз (во животот)

Откривање на тајната на „Сол, макарон“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy