Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Да не најдовме нафта? 12 километри до Блаце - 240 милиони евра

29 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Изградбата на автопатот кон границата со Косово, односно кон граничниот премин Блаце ќе се ревидира бидејќи според проекциите на претходното раководство на ЈП Државни патишта, тој ќе чини 240 милиони евра.

  • Била одбрана целосно нова планинска траса од 12 километри, од кои 6 километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, односно 20 милиони по километар, објаснува министерот за транспорт, Александар Николоски.

  • Тој првпат јавно кажува дека актуелната цена на изградбата далеку го надминува износот на кредитот кој го одобри ЕБОР а решение очекува за месец и половина.

извор

Трамп бара милијарда долари отштета од ББЦ

11 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ББЦ дека ќе бара отштета од 1 милијарда долари поради грубото извртување на вистината во врска со сечената и лепената монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, со цел да се прикаже дека тој повикува на напад врз Капитол хил.
  • Адвокатите на Трамп испратиле официјално писмо до ББЦ во кое бараат јавно извинување, „целосно и чесно“ повлекување на монтираната снимка и „соодветна“ отштета. „Во спротивно, претседателот нема да има избор, освен да го тужи британскиот јавен сервис поради предизвикување финансиска штета и повреда на репутацијата“, се наведува во писмото. ББЦ има рок да одговори на барањата до петок.
  • Директорот на ББЦ Тим Дејви и главната уредничка Дебора Тарнес поднесоа оставки, а претседателот на корпорацијата Самир Шах објави официјално извинување поради „погрешната проценка“ при монтирањето на говорот на Трамп. Шах најави и лично извинување до Трамп, но категорично тврди дека нема систематска пристрасност во ББЦ и дека новинарите не се корумпирани.
  • Во својот втор мандат Трамп им се закани на неколку американски медиуми со тужби за клевета. Тие ги решија споровите со вонсудски спогодби.
извор

Андоновски: Поштата наречена копнеж или за достапноста

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Достапноста ќе нè убие. Достапно ни е сè: ене цигари на трафикана за сите, ене го мобилниот со кој го слушам брат ми од Америка кога сакам (дури и гледам каде е во моментот и што прави). Достапни ми се сите брендови на патики и фармерки, онде се зад аголот, во „Сити мол“ или во „Ист гејт“.
  • Кога сè е достапно, се смалува копнежот по она што го посакуваш. Гасне желбата. А убавината на животот е во копнежот. Убавината е токму во одлагање на задоволството, во одлагање на задоволување на желбата.
  • Секое ИНСТАНТНО (one click) задоволување на желбите го уништува уживањето, кое доаѓа од чекањето. Да, иако звучи апсурдно, така е – колку подолго го чекаш она по што копнееш, толку посилно ќе биде задоволството кога ќе го добиеш. Ние веќе не знаеме ништо да цениме, по ништо да копнееме, дури и не знаеме што значи да „гориш од желба“ по нешто, зашто ДОСТАПНОСТА на сите нешта инстантно ни ги задоволува сите желби.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарски електричар

Балканштина
2

Раскринкана е скриената порака на чистењето!

Македонски рулет
3

Верижна семејна драма во Штип

Разно
4

Рафинирана дебата во бугарскиот парламент

Балканштина
5

Дилеми за славата

Балканштина
6

Европа станува зрела за Рамковен

Онака
7

Виенската полиција ги одра велосипедистите

8

Бранко е генијалец

Балканштина
1

Виенската полиција ги одра велосипедистите

2

Саркози го одлежа своето

3

Само 14% од ПЦР-позитивните биле вистински инфекции

Здравје
4

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
5

Поразите носат кавги: Фрчкоски - Пендаровски

6

Хрватска по пола век остана без весници од странство

7

Крај за монетарната приватност во ЕУ?

Бизнис
8

Андоновски: Поштата наречена копнеж или за достапноста

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бранко е генијалец

Балканштина

Дилеми за славата

Разно

Верижна семејна драма во Штип

Балканштина

Бугарски електричар

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од што ги имаме многу, ги смрзнуваме

Упатство за промашени промени на режим

Европа мора да престане да увезува имами од Саудиска Арабија

12 прашања за Вуди Ален

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy