Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Чаир е често анти-партизанско место

12 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во присуство на косовскиот премиер Албин Курти,  улицата „Втора Македонска ударна бригада“ во Чаир беше свечено преименувана со името на косовскиот борец Адем Демаќи.
  • Што денес СДС избриша во Чаир?
    Кој дел од македонската историја оние од "проевропскиот фронт" денес му го украдоа на македонскиот народ и тоа со одлука донесена од Советот на Град Скопје уште во февруари 2021-ва, во времето на нивното и на нивниот Петре дивеење во градските институции.

    Резултат од тоа дивеење и отворен антимакедонизам е што скопскиот Булевар "Втора македонска ударна бригада" повеќе не го носи името на бригадата на македонските борци од Втората Светска војна и Народно Ослоботителната Борба.

    Втора македонска ударна бригада (позната и како Тиквешка ударна бригада) била формирана во село Фуштани, на планината Кожуф на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ.

    Втора македонска ударна бригада учествувала во Февруарскиот поход, во ослободувањето на Прилеп и Кичево, во ослободувањето на Загреб, пробивот на Сремскиот фронт.

    Над 250-те жртви кои ослободувале од Македонија до Хрватска денес СДС без грижа на совест едноставно ги избриша од градските улици, напиша Љупчо Димовски.

  • Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

    Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата. Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија!?

    Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци:
    - За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата" Едно општество за сите"?!
    - Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи?
    - Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам, напиша Максим Димитриевски.

  • Курти беше пречекан и во Тетово од каде ни порача да се држиме поблиску до Бугарите а подалеку од Србите.

  • На прослава на стогодишнината од албанската државност (2012 година), Адем Демаќи (почина во 2018 година) жалеше што Албанците неправедно живеат во шест различни држави.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Го имаме сајтот на годината

Сте ја слушнале ли химната на СОНК?

Нема погрешен прекар

Јас сум поминал убаво, а?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy