Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ценовник на капитулацијата

7 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По 12 февруари 2024 година, ако на личните исправи не стои Северна Македонија тие повеќе нема да важат и со нив нема да може да се напушти државата.
  • Ова се сумите потребни за изработка или замена на личните документи, кај кои може да се забележи зголемување на цените на услугите.

    Замена на лична карта – 310 денари;

    Возачка дозвола во редовна постапка – 410 денари за образецот, 170 денари административна такса,  вкупно 580 денари;

    Возачка дозвола во редовна постапка, кога дозволата не е важечка  – 280 денари за образецот, 170 денари административна такса, вкупно 450 денари;

    Возачка дозвола во итна постапка – 1.230 денари за образецот, 170 денари административна такса,  вкупно 1.400;

    Сообраќајна дозвола – 200 денари за образецот, 110 денари административна такса, вкупно 250 денари;

    Регистарски таблици за моторно возило – 1.200 денари за образецот, 50 денари административна такса, вкупно 1.250 денари,

    Пасош за деца до 4 години – 1.500 денари за образецот, 100 денари административна такса,  вкупно 1.600 денари;

    Пасош за деца до 4 по итна постапка – 6.100 денари за образецот, 100 денари административна такса, вкупно 6.200 денари;

    Пасош за лица од 4 до 18 години – 1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса, вкупно 1.700 денари;

    Пасош за лица од 4 до 18 години по итна постапка – 6.100 денари за образецот, 300 денари административна такса, вкупно 6.400 денари;

    Пасош за лица од 18 до 27 години – 1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса, вкупно 1.700 денари;

    Пасош за лица од 18 до 27 години по итна постапка – 6.100 денари за образецот, 300 денари административна такса, вкупно 6.400 денари;

    Пасош за лица над 27 години – 2.000 денари за образецот, 300 денари административна такса, вкупно 2.300 денари;

    Пасош за лица над 27 години по итна постапка – 6.100 денари за образецот, 300 денари административна такса, вкупно 6.400 денари.

извор

Трамп им забрани пристап на CNN, MSNBC и Politico во Белата куќа

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
  • „Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
  • Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
  • Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
  • „Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.
извор

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • САД, Данска и Гренланд постигнаа договор за трајно и ексклузивно американско воено присуство на огромниот дански остров богат со руди.
  • Детали од договорот не се познати, но во основа САД ќе имаат еднострано право да градат воени објекти без да бараат одобрение од Гренланд или Данска. Договорот нема временско ограничување и ќе важи дури и ако автономниот регион во иднина стекне независност.
  • Вашингтон ќе има право да блокира проекти и инвестиции на островот за кои ќе оцени дека ги загрозуваат интересите на САД“.
  • САД веќе имаат речиси целосни права за прелет и за користење бази на Гренланд, врз основа на договор од 1951 година. Сепак, Трамп во својот втор мандат упорно се закануваше дека ќе го анектира островот или бараше да го купи од Данска заради зајакнување на стратешката безбедност на САД.

  • Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека договорот „ја зајакнува заедничката безбедност на Арктикот“ и дека ќе биде потпишан на Генералното собрание на ОН идната недела.
  • Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека договорот ги уважува интересите на автономната територија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
5

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
6

„Маж ми нема другари“

7

Да си знаат

Македонштина
8

Нашиов ќе ја конвертира Америка

Разно
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
4

ЕСМ: Милионски договори за осигурување, милионски провизии за посредници

5

Рамбл на Крис Павловски склучи договор со Антропик од речиси 14 милијарди долари

6

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
7

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Свет
8

Нов вид мачка откриен во Боливија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Писменост

Уставот не е парче хартија

Васо је мало нервозан

Пола да се, ама бели да се

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy