Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бугарска константа: Избегнување на темата на холокаустот по секоја цена

8 јуни 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бугарската амбасадорка во Израел не дошла на конференција посветена на Холокаустот што организаторите го толкуваат како дел од напорите на бугарските власти да си ја обелат историјата.
  • „Одбивајќи дури и само да ги поздрави учесниците на конференцијата, амбасадорката, можеби по наредба, се чини дека има намера да продолжи со замаглувањето на историјата од страна на нејзината влада, упорно одбивајќи да признае дека Бугарија на својата совест ја има крвта на 11.343 Евреи“, вели историчарот Менахем Розенсафт, потпретседател на Светскиот Еврејски конгрес.
  • Службите на бугарската амбасада во Израел се правдаа дека амбасадорката Румијана Бачварова (порано вице-премиерка) доцна добила покана за конфренцијата.
  • Бугарскиот цар Борис Трети спасуваше Евреи од Бугарија (додуша, затворајќи ги во работни логори - види овде), но затоа галантно предаде 11.000 Евреи од Македонија кои завршија во нацистичките концентрациони кампови.

Види и:
Жана Цонева: Бугарски анти-антифашизам: враќање во измисленото минато

извор

Бес во Израел заради прекинот на огнот

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • „Ова е политички и стратешки пораз! Во целата наша историја, таква катастрофа никогаш не се случила“, го коментира примирјето шефот на израелската опозиција, Јаир Лапид.
  • Вели дека Бенјамин Нетанјаху не исполнил ниту една цел која си ја имал зададено иако војската направила сè што барал.
  • Лапид потсетува дека Израел не ни бил вклучен во преговорите и дека на државата „ќе ѝ требаат години за да се опорави од политичката и стратешката штета“ што Нетанјаху ја предизвика со својата ароганција, невнимание и недостаток на стратешко планирање.

  • Претседателот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, оцени дека ваков договор со Иран значи дека Израел во иднина ќе мора повторно да влезе во конфликт, под потешки услови и по повисока цена.

     
извор

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
  • „Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Реџеп Исмаил.
  • „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки“.
  • Досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен или залоупотребен мандат. Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина
2

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина
3

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Свет
4

Такер го спржи Трамп: Кој мислиш дека си ти?

Видео
5

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
6

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Балканштина
7

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

8

Бес во Израел заради прекинот на огнот

1

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Свет
2

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

3

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
4

Бес во Израел заради прекинот на огнот

5

И САД и Иран го слават примирјето како победа

Свет
6

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

7

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

8

САД бараат пристап до сите податоци на граѓаните на ЕУ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Ќе стане ли тренд и ова?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кумовите на ДБК

Српски дипломатски лекции

До курца со фашисти и предавници

Зошто не се бомбардираше Аушвиц?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy