Бритни Спирс и њујоршката издавачка куќа Primary Wave потпишале договор за продажба на целиот музички каталог на пејачката за 200 милиони долари.
Тоа повеќе од дупло ќе го зголеми богатството на Спирс кое се проценува на 150 милиони долари но луѓе блиски до неа велат дека најважно ѝ било да ја „корегира историјата“ и да го „зацврсти своето музичко наследство“.
Договорот важи за нејзините досега снимени песни а таа ги задржува сите права поврзани со нејзиното име и лик.
44 годишната Бритни почна како детска ѕвезда во Mickey Mouse Club, подоцна стана мега поп ѕвезда со хитовите како “…Baby One More Time”, “Oops! … I Did It Again” и „Toxic“ а потоа влезе во контроверзни епизоди поврзани со нејзиниот татко, сопругот Кевин Федерлајн и состојбата на нејзиното ментално здравје.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.