- Премиерот Кир Стармер сака да ја вклучи Британија во европскиот заем од 90 милијарди евра за Киев. Лондон би плаќал дел од каматата за да им отвори можност на британски компании да ѝ продаваат оружје на Украина – главно проектили „сторм шедоу“.
- „Кога Британија и Европската Унија работат заедно, сите ги жнееме придобивките. Во овие нестабилни времиња треба да одиме подалеку и побрзо во одбраната за да ги заштитиме луѓето“, изјави Стармер.
- Две третини од заемот (околу 60 милијарди евра) што ЕУ неодамна го одобри за Киев е наменет за одбранбени трошоци на Украина. Главен услов од договорот е Украина да купува оружје од домашната индустрија или од европските сојузници. Зделки со трети земји – како Британија - се дозволени само ако нема алтернатива или ако времето за испорака е значително пократко.
- Каматите од заемот би можеле да достигнат и до 20 милијарди евра. Од Украина не се очекува да ги исплаќа сè додека не добие воени репарации од Русија, ако таква одредба воопшто биде вклучена во евентуалниот договор за крај на војната.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.