- Никогаш не ја заборавив болната изјава на Арбен Џафери од 2000 година: ‘Македонија е последното нераспределено парче од Југославија’. Не знам ни зошто оваа изјава на харизматичниот политичар толку долго ме вознемирува. Дали затоа што сум убеден дека една голема етничка заедница Македонија ја доживува како привремена творба, дали затоа што Македонците живеат со нереални соништа за својата иднина, навистина не знам. Но со апсолутна убеденост верувам дека НАТО, чија членка сме и ние, нема да се меша при евентуално легално политичко движење наречено ‘Самоопределување’ кое би ја довело во прашање унитарноста на државата.
- И случајот со уставните измени јасно потврдува дека проблемот не е кај нив, туку кај нас. Преговараш за влез во тој сојуз, кој ти е виновен што на преговарачката маса испраќаш копуци, зелкари, бескарактерни луѓе? Ние имаме загрижувачки слаби, лабилни и алчни политичари кои не умеат да преговараат. Го продаваат тоа што не е нивно, потоа сите вадиме костени од жарта.
- Не знам кого залажуваме кога издаваме книги во две мали пакетчиња од по 50 примероци, едно за Министерството за култура, друго за издавачот и кутриот автор. Каде е тука повратната информација за вредноста на делото, кому му е наменето тоа? Велиме, Блаже Конески е нашата духовна икона, но делото му го издаваме во 150 примероци. Кого залажуваме?
- Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
- Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот.
- Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.
- Вашингтон ги притиска Москва и Киев да склучат „енергетско примирје“, кое би овозможило обновување на продажбата на руски гас на Европа преку гасовод низ Украина.
- Продажбата би се одвивала преку американски посредник, за да се заобиколат санкциите од ЕУ за Русија.
- Според извори на Волстрит журнал запознаени со планот, Европа би добила гас што го нема доволно во резервите спроти зимата, Русија би добила пристап на европскиот пазар, Украина би добила приходи од транзит низ цевководите, а американски инвеститори можност за профит како посредници.
- Средствата заработени од продажбата на гас, Русија би ги уплаќала на посебна сметка во трета земја, за да не може да ги користи тие пари за финансирање на војната.
- Според сегашната регулатива на ЕУ, набавката на руски природен гас мора постепено да се укине до крајот на 2027 година. Европски лидери тврдат дека немаат интерес повторно да станат зависни од енергија од земја што ја сметаат за своја главна стратешка закана.
- Украина, пак, продолжи да ги напаѓа руските рафинерии, наспроти барањето од Трамп да ги запре. Зеленски изјави дека нападите ќе запрат кога САД ќе му обезбедат на Киев пресретнувачки ракети за системот Патриот.