- Врховниот суд на Бразил нареди домашен притвор за поранешниот претседател Жаир Болсонаро спроти почетокот на судењето за државен удар. Одземен му е телефонот и забрането му е да прима посетители, освен адвокатите.
- Судијата Александре де Мораеш објасни дека го наредил притворот бидејќи Болсонаро не ги почитувал мерките да не дава изјави во јавноста.
- На Болсонаро му се суди пред Врховниот суд поради обвинувањата дека правел планови со политички сојузници за насилно поништување на победата на левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на изборите во 2022 година.
- Американскиот претседател Доналд Трамп цврсто застана во одбрана на својот политички сојузник Болсонаро. Судењето го опиша како „лов на вештерки“, воведе санкции против судијата Мораеш поради „корупција“ и наметна царини од 50% за увоз на производи од Бразил.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.