- Германскиот производител на автомобили BMW ќе укине до 8.000 работни места до крајот на 2027 година, поради намалената продажба и засилената конкуренција од кинески возила.
- BMW претходно оваа година навести дека намалувањето на бројот на вработени е неизбежно, откако ја намали прогнозата за годишната добивка поради слабата продажба во Кина
- Од октомври на вработените во администрацијата и во секторите за истражување и развој во Германија ќе им бидат понудени пакети за доброволно заминување од работа. Нема планови за отпуштање на работници од фабричките погони.
- Компанијата од Минхен моментално има 84.000 вработени во Германија и околу 154.000 на глобално ниво.
- Претходно Volkswagen најави дека ќе отпушти 100.000 работници и ќе затвори фабрики. Porsche отпушта 5.000 работници, а и Mercedes размислува за промени во својата работна сила.
- Вработена во МВР која во 2021 година била отпуштена поради злоуотреба при издавање на лични документи, па со судска одлука во 2025 година вратена на работното место, сега е повторно уапсена под сомнение за злоупотреби при издавање возачки дозволи.
- Против неа и уште 26 лица Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.
- Толку за судовите.
- Десетици илјади луѓе се собраа на плоштадите во Приштина на „Маршот за слобода“ за да дадат поддршка на припадниците на ОВК, пред објавувањето на конечната пресуда од страна на Специјализираните совети во Хаг во врска со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.
- Пресудите за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ќе се знаат за четири дена. Обвинителството бара секој од нив да добие казна затвор од 45 години.
- Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година. Обвинети се за прогон, убиство, мачење, злоставување и исчезнување на луѓе за време на војната во Косово во 1998 и 1999 кога биле убиени повеќе од 100 политички противници и претпоставени соработници на српските безбедносни сили, а стотици биле злоставувани во 50-ина логори управувани од ОВК.