- ЕСМ утрово соопшти дека Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката и во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок блокот ќе биде саниран и вратен во функција.
- На Блок 1 пред една недела биле извршени сервисно – ремонтни активности кои, како што објаснуваат од ЕСМ „за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната.“
- Од ЕСМ објаснуваат дека секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 Целзиусови степени.
- Европскиот парламент ја реактивираше за уште две години мерката Chat Control 1.0, која им дозволува на онлајн платформите доброволно да вршат надзор врз приватни пораки за да откриваат материјали за сексуална злоупотреба на деца.
- Иако противниците на мерката ги надгласаа поддржувачите со 314-276 не беше достигнато потребното мнозинство од 361 глас за блокирање на иницијативата. За трикот со гласањето пишувавме тука.
- Предлагачите на мерката тврдат дека контролата на комуникациите е на доброволна основа, не ја нарушува енкрипцијата и не им дава на владите директен пристап до пораките.
- Критичарите предупредуваат дека заштитата на децата се користи како оправдување за масовен надзор на приватните пораки на милиони граѓани, кои не се осомничени за ништо.
- Во Основниот суд во Куманово започна постапката против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за серија тешки кривични дела, меѓу кои четири убиства и два обида за убиство.
- Додека го снимаа во судницата, се клацкаше на столицата и гледаше кон плафонот. Потоа не воспоставувал комуникација со судот и не одговарал дали се вика Трајко Бојковски.
- Адвокатот Драган Трајковиќ кој му беше бранител на обвинетиот, го откажа полномошното, затоа што Бојковски не го послушал неговиот совет и не признал вина. Ќе му биде одреден адвокат по службена должност.
- Жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами, нападнати во нивните домови во селата Клечовце, Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек.
- Обвинителството смета дека посебен мотив во случајот била некрофилијата, односно сексуална привлечност кон мртви тела, и дека таа била клучен елемент во извршувањето на делата.
- Предвидена е казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.