Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бил Клинтон не видел ништо лошо кај Епстин

28 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иако го има на десетици фотографии со Џефри Епстин и со девојки на неговите имоти, поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави пред конгресмени дека не видел ништо лошо и не направил ништо лошо додека се дружел со финансиерот осуден за сексуална трговија со малолетнички.
  • „Немав поим за злосторствата на Епстин. Без оглед колку фотографии ми покажувате, две работи се поважни од вашата интерпретација на тие фотографии стари 20 години. Знам што видов, и што е поважно, знам што не видов. Знам што направив и знам што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, изјави Бил Клинтон во видео-порака по сведочењето зад затворени врати пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.
  • „Како некој што пораснал во дом со семејно насилство, не само што немаше да летам со неговиот авион ако имав барем поим што прави, туку самиот ќе го пријавев за неговите злосторства“, додаде поранешниот претседател.
  • Претседателот на комитетот, Џејмс Комер, изјави дека Клинтон одговорил на сите прашања. Конгресмените го прашале и за врските на Доналд Трамп со Епстин и дали и актуелниот претседател треба да биде повикан да сведочи. „Тоа вие треба да го одлучите“, одговорил Клинтон.
  • Неговата сопруга Хилари сведочеше пред Комитетот претходниот ден. Таа изјави дека не се сеќава дека се запознала со Епстин и дека не знае ништо за неговите злосторства.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Голема гужва пред вратата на Европа

Чуму синхронизации?

Секој купувач не е на арно

Добриот град далеку се слуша

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy