Бијонсе, Тејлор Свифт, Сабрина Кaрпентер, Били Ејлиш, Кендрик Ламар и слични ѕвезди, годинава за Греми награди се тркаат и со Битлси и Ролинг Стонси.
Битлси се номинирани во најзначајната категорија најдобра плоча и за најдобар настап (снимка) за песна. Во обата случаи се работи за Now and Then, позната и по тоа што вокалот на Ленон е издвоен и исчистен од прастара демо снимка со помош на вештачка интелигенција.
Ролоинг Стонс се во трка за најдобар рок албум - Hackney Diamonds.
На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти неговиот матичен Драмски театар од Скопје.
Манасков е во Драмски е од 1983 година, откако заврши на ФДУ во Скопје. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од театарот.
Ќе остане запамтен и по своите улоги во Исцелител, Сенки, Трст виа Скопје, Еурека, Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Преспав, Пусто турско....
Драган Б (со точка) Костиќ, легендата на македонското радио водителство, почина денеска на возраст од 75 години.
Преку своите емисии на Македонското радио, Драган Б. Костиќ со децении ги промовираше во Македонија светските поп и рок хитови и беше лексикон за историјата на бендовите, пејачите, нивните песни и светските топ листи. Имаше една од најголемите колекции на плочи во Македонија.
Својата богата кариера ја почна уште во 1970-ите години и наметна препознатлив водителски стил во емисиите „Диско селектор“, „Радио урнебес“ и „Заборави ако можеш“, а подоцна и „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Б со Точка“. Автор е на проектот „100 приказни за 100 песни“.
На крајот од минатата година го имаше својот проштален диџеј настап „Последен танц“, со кој ја заокружи својата кариера од половина век.