- Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири кој беше предводник на групата која предизвика нереди во контролата на летање на М-НАВ.
- Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода.
- Од мерки на претпазливост (за да не влијае на сведоци и сл.) одземен му е само пасошот.
- Според новите правила за еколошки дизајн за одржливи производи, од 1 јули на пазарот на ЕУ ќе може да се купуваат само сушари за алишта со топлински пумпи.
- За разлика од традиционалните кондензаторски сушари, кои користат електричен грејач, моделите со топлински пумпи работат на принципот на рециклирање на топол воздух и важат за најефикасна технологија за сушење облека.
- Работат на пониски температури, и се за 28% енергетски поефикасни од класичните модели, според американското здружение Energy Star.
- Трговците на мало се должни најдоцна до 18 јули да ги означат овие апарати со нова енергетска ознака, која веќе се користи за други апарати за домаќинство од 2021 година.
- Новата етикети за енергија имаат појасни и полесно разбирливи ознаки од А до G без поткласи означени со плусеви.