- „Она што Бехтел и Енка го планираат да го изградат за 4 години, двајца рекреативци-неимари од Чаир го направиле вчера од 19 до 20ч. Пази ова, урнале ограда на Поликлиника Бит Пазар со Багер (која ограда 12 години се држеше со жолта лента пази-полиција), внеле 8 камиони со песок и тампон преку тројна полна лента од Чаир и цел паркинг си направиле од паркот зад болницата за време од 62 минути, тампониран целиот, асфалт жежок спремен, уште денес планирале осветлување, куќичка за стражар со лажна фискална и рампа и да почнат да издаваат целодневни билети за паркинг. Каков злостор каква казна, овие се директ за во Државни Патишта ударна бригада, ваков подвиг ни Кинезине со надвожњакон што ги изградија за 48 часа што ти ги прикажа вчера немаат изведено. Па Артан овие директ може да ги ангажира за преостанатите 2 км до Блаце, за две недели ќе му предадат на Груби цела делница со се наплатни рампи. Ова е најголем реализиран проект без акциски план од 91ва до денес“, ни ја прераскажува читател веста која изворна ја имате на долниот линк.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.