- Суд во Бангладеш ја осуди во отсуство британската пратеничка и поранешна министерка Тулип Сидик на две години затвор за случај на корупција поврзан со нелегално доделување на земјиште.
- На пет годоини затвор, исто во отсуство, е осудена и поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, која е тетка на Сидик. Сестрата на премиерката е осудена на седум години затвор.
- Првично, екс-премиерката беше осудена на смртна казна. Лани во август таа избега во Индија среде масовните протести против нејзината влада.
- Британката Тукип Сидик, поднесе оставка во јануари од функцијата британски министер за антикорупциски активности.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.