- „Тоа е паметна инвестиција од која американската безбедност со години ќе извлекува дивиденда“, порача американскиот претседател најавувајќи дека од Конгресот ќе бара нови пари за сојузниците.
- 60 милијарди долари ќе одат за Украина, 14 за Израел, 14 за границата со Мексико и борбата против шверцот на фентанил, седум милијарди за Тајван и индо-пацифичкиот регион и уште 14 милијарди долари за неспецифицирана хуманитарна помош.
- Во моментов Конгресот нема спикер.
- Интернетот не е убеден дека фотографијата која ја објави поранешниот американски претседател на семејна средба за Велигден е баш автентична.
- Бајден се критикува дека ја едитирал фотографијата и се уфрлил себе на неа.
- Неприроден е контрастот како тој е формално облечен наспроти лежерноста на останатите од неговата фамилија а има таму и едно раче кое или е вишок или е во неприродна поза.
- Министерството за трговија на САД најави воведување царини до 3.521% за увоз на соларни панели од четири земји во Југоисточна Азија. Конечната одлука и висината на тарифите треба да биде донесена во јуни.
- Тарифите се реакција на субвенциите од Кина за компании во Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам, со цел да го преполнат американскиот пазар со евтини соларни плочи и да им го уништат бизнисот на американските компании.
- Овие четири земји во 2023 година извезле соларни панели во САД во вредност од 12 милијарди долари.
- Уште во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп многу кинески компании го префрлија своето производство во соседството, за да ги избегнат тогашните царини за извоз во САД.