Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен накратко се враќа дома во (никогаш Северна!) Македонија. На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач.
Ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?“ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го држат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па сè до - до скоро - возбудливиот Холивуд.
Митревски е познат како автор на филмовите Балканкан и Трето полувреме а беше и ко-автор на легендарните тв серии „Досие Скопје“ и „Уа Шнајдери“ (која ја имаме на сајт).
Белата куќа промовираше нов видео канал кој 24/7 ќе биде фокусиран на претседателот Доналд Трамп и неговите достигнувања.
Каналот „Trump TV“ на платформата YouTube бил активиран синоќа, со снимка на говор на претседателот од 3 јули. Белата куќа објасни дека ќе бидат објавувани „најдобрите моменти од минатото, соопштенијата и најважните и најзначајните активности на администрацијата – сè на едно место“.
Ова е реакција на бојкотот на големите телевизиски мрежи насочен против Трамп, откако тој им забрани пристап во Белата куќа на екипи од CNN, MS NOW и Politico. Поради бојкотот, не се слушаше изјавата на Трамп на свечената промоција на новиот хелиодром.
Веиџија Џијанг, поранешен претседател на Здружението на дописници од Белата куќа, предупреди дека администрацијата, преку ограничувањето на пристапот за избрани медиуми и со новиот канал, има намера да наметне контрола врз известувањето, што е несвојствено за САД.
„Америка не може да има државна телевизија... Потребни ви се независни актери за да можете да бидете набљудувачи. Ако владата ви го прикажува само она што го сака, мора да се запрашате: Што ни недостасува?“, вели Џијанг.
Европската Унија не успеа да го потврди начелниот договор за укинување на санкциите против руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман.
Франција и Словачка, кои инсистираат да бидат укинати мерките против милијардерот Усманов, и Луксембург, кој го бара истото за Фридман, синоќа постигнале компромис со другите членки - двајцата олигарси да бидат избришани од „црниот список“, во замена за продолжување на санкциите за три години, наместо за шест месеци.
Летонија, сепак, се спротивставила на овој договор, поради што преговорите ќе продолжат денеска, кога завршува важноста на претходните санкции за Русија усвоени во март.
Санкциите опфаќаат забрана за визи и замрзнување на сметките. Усманов и Фридман се на списокот уште од почетокот на војната во 2022 година.
Париз очекува во „замена“ за бришење на Усманов од листата да бидат ослободени двајца француски државјани приведени во Азербејџан, а Фридман побарува од Луксембург компензација од 15 милијарди евра во арбитражна постапка за национализиран имот.