- Најголемиот британски производител на лекови АстраЗенека“ ќе инвестира 15 милијарди долари во Кина до 2030 година, само неколку месеци откако се откажа од плановите за проширување на производството во Британија.
- Финансирањето ќе биде наменето за револуционерни третмани како што се клеточна терапија и радиоконјугати, како и за понапредна радиотерапија која специфично таргетира клетки на рак. Ќе ги прошири своите погони кои произведуваат лекови за Кина и 70 други земји и ќе ја зголеми работната сила од 17.000 на над 20.000.
- Компанијата од Кембриџ лани најави изградба на истражувачки центар во Пекинг, кој ќе чини 2,5 милијарди долари. Истражувачките центри на АстраЗенека соработуваат со повеќе од 500 кинески болници и воделе многу глобални клинички испитувања.
- Сепак, АстраЗенека е под истрага од кинеските власти поради неплатени увозни даноци за одредени лекови за рак, прекршување на законите за приватност на податоците и измама со здравствено осигурување. Во 2024 година беше приведен шефот на кинеската филијала, Леон Ванг.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.