- Геерт Вилдерс ја повлече својата Партија за слобода (ПВВ) од холандската влада поради спорот со коалициските партнери, кои не го прифатија неговиот план за построги мерки за азилантите.
- „ПВВ им вети на гласачите најстрога мигрантска политика воопшто, вклучувајќи и целосно затворање на границите за азиланти. Коалициските партнери одбија да ги потпишат плановите и не ми оставија избор освен да кажам дека ја повлекуваме поддршката на овој кабинет“, изјави Вилдерс.
- Десничарската партија на Вилдерс освои најмногу гласови на изборите во 2023 година и лани првпат стана дел од владина коалиција. За премиер беше назначен независниот политичар Дик Схоф, поранешен шеф на тајната служба и разунавањето.
- Без ПВВ, другите партии од коалицијата имаат само теоретска можност да формираат ново мнозинство или да добијат поддршка за малцинска влада.