Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Апелација почасти 10 години: Бил млад и неженет

7 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Апелација ја преиначи од 18 на 8 години затвор казната за Ангелче Николов кој пред осум месеци возејќи со голема брзина под дејство на алкохол на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес.
  • По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што се предаде во полиција, но Апелација како олеснителни околности ги сметала оние дека се работи за млад и неженет човек кој ветил дека нема да го повтори тоа што го сторил.
  • Одлуката ја донеле Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на апелацискиот совет кој одлучувал по жалбата на адвокатите на Николов.
  • „Ова се последиците на назначување судии и обвинители по слободен избор од гостите по чајџилниците во западна Македонија“, коментира поранешниот обвинител Војо Димоски.
извор

Стармер не дава оставка, ќе се бори против бунтот во партијата

12 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Британскиот премиер Кир Стармер се реши на битка за политички опстанок, откако неколкумина министри во неговата влада и 80 лабуристички пратеници го повикаа да поднесе оставка поради одговорност за рекордно нискиот рејтинг на партијата и еден од најкатастрофалните порази на локалните избори пред неколку дена.
  • Шест клучни министри од кабинетот на Стармер потврдиле за Телеграф дека на денешниот состанок на владиниот кабинет ќе побараат оставка од премиерот. Тој, сепак, не им дал збор и ги кажал сопствените аргументи зошто треба да остане на функцијата. 
  • „Изминатите 48 часа беа дестабилизирачки за владата и тоа има реална економска цена за нашата земја и за семејствата. Земјата очекува од нас да продолжиме со управувањето. Тоа е она што го правам и она што мора да го направиме како кабинет“, им изјавил Стармер на министрите.
  • Стармер истакнал и дека во партијата се уште не е покренат официјален потег за избор на нов лидер, што во британскиот систем значи и нов премиер.
  • Премиерската позиција на Стармер е безбедна сè додека 81 пратеник од Лабуристичката партија официјално не предложат нов лидер на партијата. Министерот за здравство Вес Стритинг наводно веќе има таква поддршка, но се воздржува да ја предизвика лидерската позиција на Стармер.
извор

Грција дига рачна за масовниот туризам

12 мај 2026
  • Share
  • Post
  • На крајот на јуни во Грција на сила ќе стапи нов пакет мерки поврзани со туризмот и градењето кои надлежната министертка за туризам ги претстави како историски.
  • Правилата за градење ќе бидат далеку построги од сега, особено за масовно посетуваните острови како Родос, Миконос, Санторини... Новите хотели таму не ќе можат да имаат повеќе од 100 кревети.
  • Нови хотели надвор од официјалните градежни области ќе бидат дозволени само на големи имоти. Во зависност од регионот, ќе мора да се има површина од најмалку осум до 16 хектари.
  • Се забранува градба поблиску од 25 метри до морето. 
  • Лани Грција ја посетиле 38 милиони туристи.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грција дига рачна за масовниот туризам

2

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

3

Лудило во Атина, гол во 90+3' минута за титула, Николиќ истуширан

Фудбал
4

Свет цел разбере да

Македонштина
5

Војната во Иран веќе ја уништи пролетната сеидба

Свет
6

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
7

За бракот и научната етика

Балканштина
8

Скопје е на потег

Македонштина
1

Грција дига рачна за масовниот туризам

2

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

3

Америка е матирана во Иран

Мислења
4

Војната во Иран веќе ја уништи пролетната сеидба

Свет
5

Зеленски: Корупција, кокаин и лакомост

Свет
6

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
7

Иран скрил воени авиони во Пакистан

8

Шестото сетило на опозицијата

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Еволуција на глупоста

Енглези се прават Македонци

Она што не те убива, те прави поболен

Несреќно потрошена реклама

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy