- „Буџетот на РМ изнесува 5 милијарди ЕУР. Ама, пази молим те, Русите ѝ дале на Левица 6 милијарди!? И ова, со сиот памет, го објавува сериозен медиум од типот на „Фокус“. А бе, остана некој нормален или сите станавте Саше Поликлинико?“, прашува Димитар Апасиев.
- Ова е негова реакција на пренесените тврдења на Центарот за проучување на демократијата од Софија и неговата анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва.
- САД признаа дека за пропагандни и контрапропагандни цели во Македонија потрошиле „само“ 67 милиони долари, но таа вест не предизвика истражувачка страст во медиумите. Слично поминаа и информациите за грчките тајни фондови со кои се финансирале медиуми во Македонија (пред да ни го сменат името).
- Зошто Апасиев НАМ ни ги изел парите од Кремљ? Затоа што „Ја тебја рубљу“
- Џефри Епстин во имејл во 2011 година запишал дека Доналд Трамп поминал неколку часа со жртва на неговиот синџир за проституција во неговиот дом, тврдат демократски конгресмени од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Овој мејл, според демократските конгресмени, Епстин го испратил до својата партнерка Гислејн Максвел.
- Во друг мејл, испратен до новинарот Мајкл Волф, Епстин напишал за Трамп: „Секако дека знаеше за девојките, бидејќи бараше од Гислејн да запре“.
- Трамп признава дека се познавал со Епстин, но категорично ги отфрла тврдењата дека знаел за неговиот синџир за проституција и подведувањето малолетнички.
- Епстин беше пронајден обесен во својата затворска ќелија во 2019 година, како жртва на наводно самоубиство, а Максвел отслужува казна од 20 години затвор бидејќи му помагала на Епстин во злоупотреба на малолетнички.
- Десетици домородци од амазонските племиња насилно упаднаа во зградата во која се одржува глобалниот климатски самит КОП30 во бразилскиот град Белем, протестирајќи против земјоделците и индустријалците што ги загрозуваат нивните заедници и им ја уништуваат природата од која живеат.
- Воинствените демонстранти се судриле со обезбедувањето, при што имало и повредени, но биле спречени да се пробијат до главната сала во која биле високите светски претставници.
- „Нашата земја не е на продажба. Не јадеме пари. Сакаме нашите земји да бидат заштитени од агробизнисот, црпењето нафта, нелегалните рудници и сечата на дрвја“, порача претставник на локалното племе Тупинамба.
- Токму заради самитот КОП30 бразилските власти ја осакатија Амазонската прашума. Десетици илјади хектари заштитена шума беа жртвувани за да се изгради автопат од 13 километри од аеродромот во Белем до конференцискиот центар.