Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Англија забранува енергетски пијалаци за помлади од 16 години

17 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години.
  • Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли.
  • Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива забранија продажба на пијалаци со кофеин за деца.
  • Претставувајќи ја мерката, британските министри објавија дека околу 100.000 деца во Англија секојдневно консумираат енергетски пијалаци и се повикаа на истражувања што ги поврзуваат високите дози на кофеин со несоница, анксиозност и слаба концентрација.
  • Владата на Кир Стармер веќе најави забрана за користење на социјални мрежи помлади од 16 години, а за оние до 17 години воведува „ноќен полициски час“ за пристап до мрежите. Целта е да се подобри сонот, а со тоа и здравјето и благосостојбата на младите.
извор

Убер дава 15 милијарди долари за да доставува храна

17 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот „Убер“ понуди речиси 15 милијарди долари за да ја купи германската компанија за достава на храна „Деливери Херо“, која е сопственик на „Глово“ и брендови како Фудпанда, Талабат, Фудора и други, со кои доставува храна во речиси 100 земји во светот.
  • Убер моментално има околу 25 посто од акциите на Деливери Херо а новата понуда им важи само ако земат мнозински пакет акции. 
  • Се обврзаа во Германија дополнително да инвестираат две милијарди евра, до 2029 да ги задржат вработените и главниот уред да остане во Берлин.  
  • Со оваа понуда се сигнализира спремност за проширување на работењето во услови на сè пожестока конкренција на пазарите во Европа и САД. Со аквизиција на Деливери Херо, мрежата за достава на храна Uber Eats би се проширила во Европа, Блискиот исток, Азија и Латинска Америка.
извор

Јермолаев го обвини Киев за атентатот во Монако

17 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Украинскиот бизнисмен кој преживеа атентат во Монако ја обвини украинската воена разузнавачка служба ГУР дека го организирала бомбашкиот напад.
  • „Врз основа на истражните докази со кои располагаме, немаме сомнеж дека активни офицери на Главната управа за разузнавање при Министерството за одбрана на Украина биле директно вклучена во обидот за атентат“, соопшти Вадим Јермолаев во својата прва изјава по нападот.
  • Бомбата експлодираше кога Јермолаев излегувал од домот заедно со 13-годишниот син и со својата партнерка. Тројцата се ранети, а жената е во тешка состојба. Според француските истражители, бомбата ја поставила Украинката Анастасија Березовска, која по неколку дена беше пронајдена мртва близу Киев. Во врска со убиството, уапсени се Владислав Реут, офицер на ГУР, и Олександр Жикович, поранешен припадник на службите за безбедност.
  • Украинските обвинители го претставија случајот како дело на „одметнат агент“, кој дејствувал без знаење или овластување од ГУР. Јермолаев ја отфрли таа верзија. „Покрај директните извршители и организатори, заговорот опфаќал и активни службеници на ГУР, како и поединци блиски до сегашното и поранешното раководство на агенцијата“.
  • Мотивот за нападот останува нејасен. Киев во 2023 година воведе санкции против Јермолаев, еден од најбогатите бизнисмени во земјата, поради тргување со алкохол на Крим, кој е под руска окупација, и плаќање данок на Русија. Неговиот постар син Артур е обвинет за формирање криминална организација вклучена во телефонски измами низ Европа. Ниту се потврдени ниту се демантирани шпекулациите дека телефонската централа била поврзана со државните разузнавачки агенции на Украина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Компанија од Сарај која увезувала јаглен за РЕК Битола стана голем акционер во „Македонијатурист“

2

Српска потрага по презимето на Александар

Балканштина
3

Немаат крај испрашувањата на Павел Дуров од Телеграм

4

Томас Милер кратко и прецизно за Англија

Фудбал
5

Работава излезе трудна со Сенегал на Мундијалот

6

Како го доживеаа пресвртот двајца аргентински пензионери?

Фудбал
7

Што чита Украинец на Тасос?

Балканштина
8

„Неговиот кукавичлук го згасна сонот на Англија“

1

Компанија од Сарај која увезувала јаглен за РЕК Битола стана голем акционер во „Македонијатурист“

2

Немаат крај испрашувањата на Павел Дуров од Телеграм

3

Забрана за снимање атлетичарки од „вулгарни“ агли

Разно
4

САД ќе бараат депозит од 100.000 долари за „зелена карта“

5

Ако Трамп удри врз цивилни цели во Иран, ќе остане без уште поважен проток

6

Дрон против комарци може да спаси милиони животи

Занимливости
7

Кина во јуни извезе над 1 милион коли

8

Иран: Кушнер и Виткоф лично профитираат од преговорите

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Медиумско пакетче

Македонштина

Што има под центарот на Скопје?

Балканштина

Српска потрага по презимето на Александар

Балканштина

Епитафна биографија

Балканштина

Што чита Украинец на Тасос?

Македонштина

Тие дворот не можат да си го средат....

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Нека не ве плашат, Сириза не e никаква "крајна левица"

Предраг Луциќ: Југославија беше нашата ЕУ

О-да-да на радоста

10 песни составени од наслови на офф.нет

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy