- Албанија објави едногодишна забрана за ТикТок по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги распали стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
- „Една година целосно ќе го затвориме. Нема ТикТок за никого“, рече премиерот Еди Рама.
- Одлуката на неговата влада доаѓа откако во ноември, 14-годишен ученик беше избоден до смрт од соученик. До инцидентот дошло после расправии меѓу двете момчиња на ТикТок каде можеле да се најдат и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
- Забраната ќе започне на почетокот на следната година.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.