- Седумгодишно дете е убиено во своето школо во кое влегол 19 годишен дечко со остар предмет и почнал да сече по луѓе.
- Пет лица се повредени, од кои двајца возрасни и три деца. Напаѓачот, поранешен ученик во школото со психички проблеми, им нанел повреди на наставничка и неколкумина ученици. Таа е во животна опасност.
- По нападот се скрил во соседниот Здравствен дом каде пробал да се самоубие, бодејќи се по телото. Полицијата го спречила и е под нивна контрола.
- Мајката на напаѓачот го молела неговиот доктор од болницата да не го отпушта. „Ми рекоа дека напаѓачот е мојот син. Пред скоро време ме заклучи мене и мајка ми во станот, ни ги зема мобилните телефони, па потоа заврши во болница. Го молев докторот да не го пушта бидејќи не е за пуштање“, пренесува А1он.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.