Една жена "воскресна" после 11 години!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар (заедно со драгоцените пресуди на "прекиот суд" на јавноста)

Во 2002 година, Бренда Хејс ги одведе двете деца на училиште и никој повеќе не ја видел. Истрагата продолжува со години, а околните се надеваат дека жената ќе се врати жива.
9 години по мистериозното исчезнување сепак жената е прогласена за мртва. Долги години семејството живее со мислата дека Бренда не е меѓу живите, а сопругот создава друго семејство.

Неочекувано пред неколку дена во една од полициските станици во Флорида 42-годишната жена раскажала што точно и се случило. Потоа полициските службеници се јавиле на ќерката и сопругот, а тие не можеле да поверуваат дека Бренда е жива. "Во првиот момент претпоставувале дека нашле останки", признава ќерката на 42-годишната жена.

Пред полицијата Бренда објаснила дека во фаталниот ден самата одлучила да го напушти своето семејство – преживеала тежок период, а кога ги однела децата на училиште, отишла во еден парк и таму се сретнала со неколку мажи кои и предложиле да оди со нив на екскурзија. Бренда без да размисли тргнала со непознатите и не се вратила во домот цели 11 години.

Цело време Бренда живеела како скитник – спиела на улица, едноставно и се хранела од канти. На крајот таа решила да се врати кај своето семејство. Што мислите, дали заслужува да биде прифатена од страна на новоформираното семејство?

 

25 март 2014 - 13:07