Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 6 компири
- 200 мл. пилешка супа од коцка
- 2 лажици путер
- 150 гр. рендан кашкавал
- 2 главици млад кромид или една главица обичен (зависно од сезоната)
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка црвен пипер
- 1/4 лажичка оригано
- 1/4 лажичка мелен лук
- 1 лажичка оцет
Подготовка
Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Потоа ставете ги во тенџере со вода и варете ги на среден оган додека да омекнат. Во меѓувреме сварете пилешка супа од коцка.
Сварените компири исцедете ги од водата. Додадете 200 мл. пилешка супа, путер, сол, оригано, црвен пипер, мелен лук и оцет. Испасирајте ги добро компирите додека да добиете изедначена смеса. Додадете рендан кашаквал и промешајте го за да се растопи. На крај додадете ситно сецкан кромид.
Послужете го пирето веднаш.