Луто мезе

Пиперки полнети со кремсирење

Рецепт за полнети лути пиперки со кремсирење, колбаси и сланина.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 6 лути пиперки
  • 60 гр. кремсирење
  • 120 гр. ситно исецкан колбас по желба
  • 6 парчиња сланина

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени.
Пресечете ги пиперките на половина по должина и исчистете ги од семето. Пресечете ја сланината на половинки. Рамномерно распределете го кремсирењето и намачкајте ја внатрешноста на пиперките. Додадете малку сецкан колбас. Потоа замотајте ја пиперката со парче сланина и зацврстете го со чепкалка.
Наредете ги подготвените пиперки на плех, обложен со хартија за печење. Печете ги 30 минути додека да се испечат сланината и колбасот.
Послужете ги топли.

24 август 2012 - 07:00