Здрави гарнири

Печурки со јачмен

Вкусен и здрав гарнир од пржени печурки, кромид и јачмен. 

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 главици кромид
  • 350 гр. печурки
  • 320 гр. јачмен
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • магдонос
  • сол и бибер

Подготовка

Сварете го јачменот во тенџере вода (или пилешка супа од коцка по желба) според упатството на ќесичката.

Додека се вари јачменот, во тава со 2 лажици масло на тивок оган пржете го ситно исецканиот кромид додека да омекне и добие кафеава боја, околу 25 минути. Во друга тава испржете ги исецканите печурки со две лажици путер.

Во длабок сад додадете го јачменот, кромидот и печурките и добро измешајте ги. Зачинете ги со магдонос, сол и бибер по вкус и послужете ги веднаш.

На здравје!

18 октомври 2012 - 07:00