За љубители на печурки

Печурки со домати и фета

Пржени печурки комбинирани со фета сирење и домати. 

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 100 гр. фета сирење
  • 50 гр. домати
  • 200 гр. печурки
  • 2 лажици босилек
  • 60 мл. маслиново масло
  • 1 лажица вински оцет

Подготовка

Излупете ги доматите и исецкајте ги на ситни парчиња. Раздробете го фета сирењето на парченца и додадете го во доматите. Додадете 40 мл. маслиново масло, босилек и оцет и добро измешајте ги. 

Во тава на силен оган додадете го остатокот од маслото и пржете ги печурките по 4-5 минути од секоја страна. 

Сервирајте ги печурките во чинија и распределете ја смесата од домати и сирење врз нив. 

Послужете ги веднаш. На здравје!

 

22 јануари 2013 - 07:00