Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 кг. помали компири
- 1 лажица маслиново масло
- ½ лажичка сол
- 1 лажица сок од лимета
- 1 лажица сок од лимон
- 2 лажички маслиново масло
- 2 лажици свеж сецкан кориандер
Прелив
- црвен пипер
- оригано
- сол
- оцет балсамико
- лута сува пиперка
- 1 чешне лук
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измијте ги компирите и исечете ги на половинки. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Зачинете ги со една лажица маслиново масло. Додадете сол и промешајте ги. Печете ги во загреана рерна 35 минути додека да добијат златно-жолта боја.
Додека се печат компирите подгответе го преливот. Во еден поголем сад исецкајте ја сувата лута пиперка на многу ситни парчња. Додадете црвен пипер, оригано, сол и оцет балсамико. Добро измешајте ја смесата. Потоа додадете едно чешне лук, ситно исецкан. На крај додадете ги сокот од лимон и од лимета и две лажички маслиново масло. Измешајте го преливот за добро да се соединат состојките.
Кога компирите ќе се испечат, додека се сеуште жешки, додадете ги во садот со преливот и измешајте ги. Зачинете ги со свеж кориандер и послужете ги топли.