Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 600мл. млеко
- 200гр. брашно за палента
- 50гр. путер
- 50гр. ситно рендан пармезан
Подготовка
Во тенџере измешајте млеко и 600мл. ладна вода. Гответе го на рингла на силен оган. Кога ќе зоврие полека додавајте ја палентата и постојано мешајте.
Намалете ја јачината на ринглата. Мешајте ја палентата со жица за матење 2 минути непрекинато. Тргнете го тенџерето од рингла и продолжете да ја мешате со дрвена лажица уште една минута.
Додадете путер и 30гр. пармезан. Зачинете со сол и бибер. Мешајте ја палентата додека да се растопи путерот. Додадете го остатокот од пармезанот и послужете ја веднаш.