Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 300 гр. компири млади, исечени на половинки
- 200 гр. доматен сос
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кромид исецкан на тенки полумесечинки
- 1 лук истолчен
- 1 лажичка оригано
- 100 гр. црвени пиперки испечени, исецкани
- 25 гр. маслинки црни, исецкани
- босилек неколку ливчиња
Подготовка
Загрејте масло и пржете го кромидот 5-10 минути додека не омекне. Додадете го лукот и ориганото и пржете уште една минута. Додадете ги доматите и пиперките, зачинете со сол и бибер и гответе околу 10 минути.
Во меѓувреме сварете ги компирите и изцедете ги. Помешајте ги со подготвениот сос и додадете ги маслинките и сецканиот босилек.