Вкусен гарнир

Компири со рузмарин

Не мора секогаш компирите да ги приготвувате на ист начин.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 3 големи компири
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица свеж рузмарин, ситно сецкан
  • 1 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден голем плех со хартија за печење.
Во сад измешајте ги маслиновото масло, рузмаринот, сол и бибер. Исечете ги компирите на коцки и додадете ги во садот со зачини. Промешајте ги за добро.
Префрлете ги компирите во плехот и внимавајте да бидат во еден слој.
Печете ги компирите 20 минути. Потоа извадете го плехот од рерна, внимателно превртете ги па продолжете со печење уште дополнителни 20 минути.
Послужете ги топли како гарнир со месо.

10 август 2012 - 20:29