
Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици несолен путер
- 1 поголема главица кромид
- 1 лажица виски
- 400 гр. печурки
- 1 лажица масло
- 450 гр. говедски стек
- сол и бибер
- 4 парчиња кашкавал
- 4 половинки багет леб
Подготовка
Загрејте 1 лажица путер во поголема тава на среден оган. Гответе го исецканиот кромид околу 15 мин. Потоа додадете лажица виски, преостанатиот путер и исецкани печурки и гответе ги уште 10 минути. Потоа отстранете ги печурките и кромидот од тавата.
Во истата тава додадете една лажица масло. Говедскиот стек исечете го на тенки ленти. Пржете го говедското месо во тавата зачинето со сол и бибер по вкус. Кога месото ќе добие кафеава боја додадете ги одозгора парчињата кашкавал и оставете да се растопат.
Пресечете ги половинките багет леб на половина. Потпечете ги на тостер или во тава само од внатрешната страна. Поделете го говедското месо и кашкавалот во сендвичите и додадете ги пржениот кромид со печурки.
Пријатен апетит.