Крем супи

Супа од карфиол

Вкусна крем супа од карфиол и компири.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид, исецкан ситно
  • 2 чешниња лук
  • 1 кг. карфиол исецкан
  • 500 гр. компири, излупени и исецкани на коцки
  • 1 л. пилешка супа од коцка
  • 100 мл. хопла
  • сол и бибер

Подготовка

Зовријте 1 л. вода во тенџере на рингла и сварете 1 пилешка коцка за супа.

Во меѓувреме загрејте во поголема тава масло на силен оган. Пропржете ги кромидот и лукот 3 минути додека да омекнат. Потоа додадете ги карфиолот и компирите. Пржете ги со мешање 5 минути. Во тавата додадете ја сварената супа од коцка и зачинете со сол и бибер по вкус. Покријте ја тавата со капак. Кога смесата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата. Оставете ја супата да се готви 20 минути додека да омекнат компирите. Потоа тргнете ја на страна 5 минути за малку да се излади. 

Смесата измешајте ја во блендер за да се добие кремаста супа. Вратете ја во тенџере на рингла на слаб оган.  Додадете ја хоплата, промешајте и гответе ја уште 2 минути.

Послужете ја супата веднаш. На здравје!

5 февруари 2013 - 07:00