Супи

Јагнешка супа

Јагнешка супа со јачмен и зеленчук.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
1ч. 30 мин.

Вкупно време:
1ч. 40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажички маслиново масло
  • 500гр јагнешко, исечено на коцки
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 2 чешниња лук, ситно сецкани
  • 100гр. јачмен
  • 1 лажичка рузмарин
  • 1л. пилешка супа од коцка
  • 1 пашканат, излупен и исецкан
  • 1 помал сладок компир, излупен и исецкан
  • 1 мала тиквициа, исецкана
  • 100гр. тиква, исецкана

Подготовка

Загрејте 1 лажичка масло во длабоко тенџере на силен оган. Пржете го јагнешкото 5-7 минути со мешање. Потоа префрлете го во чинија.
Намалете ја малку јачината на ринглата. Додадете го остатокот од маслото. Пржете ги лукот и кромидот 3 минути додека да омекнат. Потоа додадете ги во тенџерето јагнешкото, јачмен, рузмарин, сварена пилешка супа од коцка и 300мл. студена вода. Кога супата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата. Варете ја супата покриена 1 час додека да се зготви јагнешкото.
Додадете пашканат, компир, тиквица и тиква. Варете ја супата со зеленчукот уште 15-20 минути. Зачиенте со бибер по вкус.
На здравје!

27 септември 2013 - 14:19